„ГЕНЕРАЛОТ АРМАГЕДОН“ ГО ПОКАЖА СУРОВОТО ЛИЦЕ ДВА ДЕНА ОТКАКО СТАНА НОВ ЗАПОВЕДНИК НА РУСКИТЕ СИЛИ ВО УКРАИНА

    „ГЕНЕРАЛОТ АРМАГЕДОН“ ГО ПОКАЖА СУРОВОТО ЛИЦЕ ДВА ДЕНА ОТКАКО СТАНА НОВ ЗАПОВЕДНИК НА РУСКИТЕ СИЛИ ВО УКРАИНАГлавниот предизвик за Суровикин ќе биде да ги реши структуралните проблеми во руската армија (Фото: АП)

    Два дена откако беше назначен за нов заповедник на руските сили во Украина, генералот Сергеј Суровикин почна да го спроведува својот безмилосен метод на војување, по кој стана озлогласен во Сирија. Во ракетните напади низ Украина загинаа 19 цивили, а меѓу погодените цели беа и детско игралиште и пешачки мост во Киев.

    Не сум изненаден од она што се случи во Киев. Суровикин е апсолутно безмилосен, со малку почит кон човечки живот. Се плашам дека неговите раце ќе бидат целосно покриени со украинска крв“, изјави поранешен функционер од руското министерство за одбрана, кој работел со Суровикин.

    Наречен од своите колеги „Генералот Армагедон“ поради тврдокорниот и нетрадиционален пристап кон војувањето, Суровикин учествувал во разбивањето на пучот во 1991, наредувајќи да се отвори оган на продемократските демонстранти зад барикадите.

    Во поново време, Суровикин беше заповедник на руската воена кампања во Сирија во 2017, каде што беше обвинет за користење контроверзни тактики, како неселективно бомбардирање на позициите на антивладините борци. Во извештај на организацијата Хјуман рајтс воч од 2020 стои дека „руските трупи под негово водство уништиле домови, училишта, здравствени установи и пазари“.

    Експертите велат дека главниот предизвик за Суровикин во Украина ќе биде да ги реши структуралните проблеми кои ја обременуваат руската армија.

    Суровикин е еден од ретките луѓе кои знаат како да се надгледуваат различни гранки на армијата. Тој е многу суров, но компетентен заповедник. Но, самиот тој нема да може да ги реши сите проблеми. На Русија ѝ недостигаат оружје и војничка сила“, вели рускиот полковник Глеб Ирисов, кој работел со Суровикин до 2020.

    Ирисов додава дека Суровикин има добра соработка со платеничката група „Вагнер“, а неговото назначување било поздравено и од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира