Полицијата во јужна Германија интервенирала за да реши необичен соседски спор, откако еден маж физички го нападнал својот сожител во зградата бидејќи сметал дека тој премногу гласно подготвува месо за јадење.
Од полицијата во неделата соопштија дека 61-годишен жител на зграда во градот Гајзелхеринг во саботата навечер влегол во станот на својот сосед, го навредувал, а потоа му удрил шлаканица. Причина за револтот на мажот било гласното чукање на месото за подготовка на шницли.
Полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот го евидентирале нападот и ги разделиле двајцата соседи.



