ГЕРМАНИЈА ГОДИНАВА СЕ ОТКАЖУВА ОД НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА, СИНОЌА ЗГАСНА ТРИ ОД СВОИТЕ ШЕСТ ЦЕНТРАЛИ

    ГЕРМАНИЈА ГОДИНАВА СЕ ОТКАЖУВА ОД НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА, СИНОЌА ЗГАСНА ТРИ ОД СВОИТЕ ШЕСТ ЦЕНТРАЛИГерманија сè повеќе се свртува кон обновливи извори на енергија (Фото: ДПА)

    Германија затвори три од преостанатите шест нуклеарни централи, додека постепено се откажува од нуклеарната енергија и се свртува кон обновливи извори. Владата ја забрза постапката за откажување од нуклеарната енергија по хаваријата во реакторот во Фукушима во 2011 година, како последица на катастрофалните земјотрес и цунами.

    Реакторите во Брокдорф, Гронде и Гундреминген беа згаснати доцна синоќа по три и пол децении работа. Последните три нуклеарни централи ќе бидат затворени до крајот на 2022.

    „Ви благодарам за посветената работа! Дадовме повеќедецениски решавачки придонес за безбедно, еколошко и сигурно снабдување со електрична енергија во Германија“, изјави Гвидо Кнот, извршниот директор на „Пројсен електра“, која управуваше со централите.

    Шесте нуклеарни централи обезбедуваа 12% од произведената струја во Германија во 2021, додека уделот на обновливите извори порасна на 41%. Планирано е ова да порасне до 80% до 2030 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира