ГЕРМАНИЈА ИТНО ЌЕ ПРЕНАМЕНУВА ПОДЗЕМНИ ГАРАЖИ И МЕТРО СТАНИЦИ ВО БУНКЕРИ ПОРАДИ СТРАВ ОД МОЖЕН НАПАД ОД РУСИЈА

    ГЕРМАНИЈА ИТНО ЌЕ ПРЕНАМЕНУВА ПОДЗЕМНИ ГАРАЖИ И МЕТРО СТАНИЦИ ВО БУНКЕРИ ПОРАДИ СТРАВ ОД МОЖЕН НАПАД ОД РУСИЈАОд околу 2.000 бункери и заштитни простории во Германија кои останале од Студената војна, само околу 580 се во функционална состојба и на повеќето им требаат мултимилионски реновирања. (Фото: ДПА)

    Германија подготвува планови за брзо проширување на својата мрежа на бункери и засолништа отпорни на бомби, изјави највисокиот владин функционер за цивилна заштита, предупредувајќи дека државата мора да биде подготвена за напад од Русија во следните четири години.
    Ралф Тислер, шеф на Сојузната канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи (ББК), рече дека најголемата европска економија треба да се соочи со реалноста на конфликтот и дека во сегашната состојба Германија е несоодветно подготвена.

    „Долго време во Германија постоеше широко распространето верување дека војната не е сценарио за кое треба да се подготвуваме. Тоа се промени. Загрижени сме поради ризикот од голема агресивна војна во Европа“, изјави тој за весникот „Зидојче Цајтунг“.

    Тислер повика на национален напор за идентификување и пренамена на тунели, метро станици, подземни гаражи и подруми на јавни згради во заштитни засолништа со цел „брзо да се создаде простор за 1 милион луѓе“. Тој најави дека неговата агенција ќе претстави сеопфатен план подоцна ова лето. Според него, потпирањето на изградба на нови бункери е недоволно бидејќи таквите проекти бараат многу време за планирање и изградба и се многу скапи.

    Од околу 2.000 бункери и заштитни простории во Германија кои останале од Студената војна, само околу 580 се во функционална состојба и на повеќето им требаат мултимилионски реновирања. Тие би можеле да засолнат околу 480.000 луѓе, што е само половина процент од германското население. За споредба, ББК соопшти дека Финска има 50.000 заштитни простории, што обезбедува простор за 4,8 милиони луѓе, или 85% од нејзиното население.

    Тислер додаде дека мора да се вложат напори и за подобрување на информациските системи, како што се апликации и патокази, за да се информира јавноста каде може да најде засолниште, како и да се надградат сирените за предупредување.

    Тој ја повика владата на Фридрих Мерц да обезбеди финансирање за спроведување на плановите. Владата се согласила дека плановите се неопходни, но сè уште не доделила формални средства.Се очекува парите да дојдат од милијардите ослободени откако парламентот во март ја суспендираше германската должничка кочница, со што се овозможија големи трошоци за војската, виталната инфраструктура и цивилната одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира