Германија ќе ѝ даде овластување на полицијата да соборува беспилотни летала како оние што ги нарушија аеродромите низ Европа, а кои некои европски лидери ги припишуваат на хибридна војна што ја води Русија.
Новиот закон, кој владата го усвои денеска, ѝ одобрува на полицијата да соборува дронови што го нарушуваат воздушниот простор на Германија, особено ако претставуваат закана.
„Инцидентите со беспилотни летала ја загрозуваат нашата безбедност. Ние нема да го дозволиме тоа. Ги зајакнуваме овластувањата на федералната полиција за да можат беспилотните летала побрзо да бидат откриени и да им се спротивставиме“, рече канцеларот Фридрих Мерц
Новиот закон доаѓа откако десетици летови беа пренасочени или откажани на аеродромот во Минхен минатиот петок по видувањата на неидентификувани дронови. Вакви случаи претходно имаше и во Данска и Норвешка. Мерц рече дека претпоставува дека Русија стои зад многу од дроновите што летале над Германија минатиот викенд, но не биле вооружени.