Германија падна во рецесија, забележувајќи го најголемиот квартален пад од финансиската криза во 2009 година.
Најголемата европска економија падна за 2,2% во првото тримесечје од 2020, откако продавниците и бизнисите беа затворени во март поради пандемијата на коронавирусот. Германија го бележи и првиот пораст на стапката на невработеност од 2013 година.
Сепак, економскиот пад на Германија не е така голем во споредба со други големи европски економии, па во Франција изнесува 5,8%, а во Италија 4,7%. Ова се должи на тоа што 16-те германски сојузни држави им дозволија на фабриките и на градилиштата да работат, како и на најголемата владина помош во историјата.
Економистите предвидуваат поголем пад во втората четвртина од годината, кога ќе дојдат до израз сите ефекти на рестриктивните мерки.