ГЕРМАНИЈА СЕ ВРАЌА, КАЖА ИДНИОТ КАНЦЕЛАР МЕРЦ ОТКАКО ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА ПЛАН ЗА ТРОШЕЊЕ ОД 500 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

    ГЕРМАНИЈА СЕ ВРАЌА, КАЖА ИДНИОТ КАНЦЕЛАР МЕРЦ ОТКАКО ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА ПЛАН ЗА ТРОШЕЊЕ ОД 500 МИЛИЈАРДИ ЕВРАМерц кажа дека договорот испраќа јасна порака до светот (Фото: Фејсбук)

    Веројатниот следен канцелар на Германија Фридрих Мерц го поздрави меѓупартискиот договор за историски пакет за инфраструктурата и одбраната вреден 500 милијарди евра. Договорот помеѓу неговиот конзервативен блок, Социјалдемократите (СПД) и Зелените испраќа јасна порака до светот дека во иднина нема да има недостиг од финансиски средства за одбрана на слободата и мирот, рече Мерц.

    Германија се врати“, порача тој.

    Пакетот беше многу контроверзен, не само поради неговата големина, туку и затоа што вклучува олабавување на германските уставни ограничувања на државниот долг.

    Мерц планира ова да биде усвоено уште наредната недела, пред првата седница на новиот состав на парламентот. Во новиот парламент, Мерц не би можел лесно да собере доволно гласови за изгласување на пакетот, па ја користи силата на СПД, конзервативците и Зелените во сегашниот парламент за да ги протурка уставните измени, за кои е потребно двотретинско мнозинство. Гласањето ќе се одржи во вторник во Долниот дом. За да се одобрат измените, потребно е двотретинско мнозинство и во Горниот дом.

    Еден од лидерите на СПД, Ларс Клингбејл, рече дека пакетот е „моќен поттик за Германија“.

    Зелените престанаа да се противат на законот откако беше ветена помош за 100 милијарди евра за борбата против климатските промени. Дел од парите ќе бидат искористени за да се направи економијата попријатна за климата. Водачот на парламентарната група на Зелените, Катарина Дреге, рече дека „100 милијарди евра ќе направат разлика“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира