ГЕРМАНИЈА СО НАЦИОНАЛНИ МЕРКИ ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ, ВЛАДАТА ЌЕ МОЖЕ ДА ВОВЕДУВА И ПОЛИЦИСКИ ЧАС

    ГЕРМАНИЈА СО НАЦИОНАЛНИ МЕРКИ ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ, ВЛАДАТА ЌЕ МОЖЕ ДА ВОВЕДУВА И ПОЛИЦИСКИ ЧАСМеркел смета дека третиот бран на пандемијата би можел да биде најтежок досега (Фото: ДПА)

    Германската влада договори нови национални мерки за борба против коронавирусот, вклучувајќи полициски час во ноќните часови, кои би ги поништиле оние донесени на регионално ниво.

    По неколку конфузни недели на владината политика, што го вклучува и откажувањето на најавениот строг карантин за Велигден, Меркел и останатите политички лидери беа решени да усвојат нов сет мерки кои би имале федерална важност. Ако бидат одобрени од парламентот, делови од земјата веднаш ќе можат да одат во построго затворање.

    Иако воведување национални мерки во Германија се смета за контроверзно, зашто покраините имаат можност сами да решат како ќе се борат против ширењето на заразата, земјата се соочува со трет бран на пандемијата, за кој Меркел кажа дека би можел да биде најтежок досега.

    Новите мерки предвидуваат и задолжителен полициски час од 21 до пет часот ако бројот на новозаразени во некои области е особено голем, како и затворање на најголем дел продавници и културни установи. Рестораните ќе мора да работат само со достава, а на туристите ќе им биде забрането да ноќеваат. Училиштата ќе можат да останат отворени само доколку учениците прават два брзи теста за коронавирус неделно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира