ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ 75-ГОДИШНА ПЕНЗИОНЕРКА ОБВИНЕТА ДЕКА Е ЛИДЕРКА НА ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПА

    ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ 75-ГОДИШНА ПЕНЗИОНЕРКА ОБВИНЕТА ДЕКА Е ЛИДЕРКА НА ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПАЕлизабет Р. е осомничена дека била „идеолошки мозок“ на крајнодесничарска група (Фото: Билд)

    Германската полиција уапси 75-годишна пензионерка обвинета дека е лидерка на терористичка група која планирала да напаѓа политичари и енергетски објекти низ земјата.

    Идентификувана како Елизабет Р., оваа поранешна учителка од Саксонија е осомничена дека била „идеолошки мозок“ на крајнодесничарска монархистичка група која не ја признава модерната федерална република и планирала киднапирања и напади. Четири лица поврзани со групата се уапсени во април и кај нив се пронајдени оружје и експлозивни материјали.

    Елизабет Р. вчера се појави пред судот во Карлсруе, при што ѝ е одреден притвор.

    Постоењето онлајн групи кои сакаат да ја соборат германската влада не е невообичаено, но најчесто не ги спроведуваат своите планови во дела. Во случајот на оваа група, полицијата сериозно ги сфати заканите, особено зашто се пронајдени тешко оружје и експлозивни материјали“, изјави експертот за тероризам Холгер Шмит.

    Една од целите на групата била да го киднапира министерот за здравство Карл Лаутербах.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира