ГЕРМАНСКИ БОЛНИЧАР ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗАШТО УБИЛ 10 ПАЦИЕНТИ ЗА ДА СИ ГО НАМАЛИ ОБЕМОТ НА РАБОТА

    ГЕРМАНСКИ БОЛНИЧАР ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗАШТО УБИЛ 10 ПАЦИЕНТИ ЗА ДА СИ ГО НАМАЛИ ОБЕМОТ НА РАБОТАМажот, чие име не е објавено, им вбризгувал лекови против болки или седативи на своите, претежно постари пациенти (Фото: ДПА)

    Болничар од оддел за палијативна нега во Германија е осуден на доживотен затвор за убиство на десет пациенти и за обид за убиство на 27 други.

    Обвинителите кажаа дека мажот, чие име не е објавено, им вбризгувал лекови против болки или седативи на своите, претежно постари пациенти во обид да си го намали обемот за работа за време на ноќните смени. Ова се случувало од декември 2023 до мај 2024 во Вирселен во западна Германија.

    Истражителите испитуваат уште неколку сомнителни случаи од неговата кариера, при што се наредени ексхумации за да се идентификуваат други потенцијални жртви.

    Болничарот бил вработен во болницата во Вирселен од 2020. Обвинителите изјавија во судот во Ахен дека тој покажал иритација и недостаток на емпатија кон пациентите на кои им било потребно повисоко ниво на грижа и го обвинија дека се играл „господар на животот и смртта“.

    Тој им инјектирал на пациентите големи дози на морфиум и мидазолам, што е вид седатив, во обид да го намали обемот на работа за време на ноќните смени. Бил уапсен во 2024.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира