Новиот германски амбасадор во Кина, Јан Хекер, почина само неколку дена откако стапи на функцијата, објави министерството за надворешни работи на Германија. Засега не е познато од што починал 54-годишниот Хекер.
Хекер и неговото семејство пристигнале во Пекинг минатиот месец и тој почнал со работа на крајот на месецот. Амбасадорските задолженија ќе ги преземе заменикот на Хекер, Франк Рикерт.
Хекер работел како обвинител и судија, а во Пекинг замина од позицијата советник за надворешна политика на канцеларката Ангела Меркел. За време на мигрантската криза во 2015, тој беше една од клучните личности во спроведувањето на планот на Меркел за прифаќање на илјадници баратели на азил.