ГЕРМАНСКИОТ ГИГАНТ „РАЈНМЕТАЛ“ ЌЕ ГРАДИ ФАБРИКА ЗА МУНИЦИЈА ВО БУГАРИЈА

    ГЕРМАНСКИОТ ГИГАНТ „РАЈНМЕТАЛ“ ЌЕ ГРАДИ ФАБРИКА ЗА МУНИЦИЈА ВО БУГАРИЈА„Рајнметал“ е најголемиот производител на оружје во Германија и петти по големина во Европа (Фото: Имаго)

    Бугарија потпиша договор со германскиот гигант „Рајнметал“ за изградба на фабрика за муниција, која ќе биде дел од европските напори за зајакнување на одбраната. Фабриката ќе произведува барут, 155-милиметарски артилериски гранати и модуларни системи за полнење, а „Рајнметал“ ќе ја гради во соработка со најголемиот бугарски производител на оружје „ВМЗ-Сопот“.

    Официјални лица кажаа дека во фабриката ќе се вработат речиси 1.000 луѓе, што ја прави една од најголемите индустриски инвестиции во Бугарија во последните години. Вредноста на договорот изнесува 511 милиони евра.

    По потпишувањето на договорот, извршниот директор на „Рајнметал“, Армин Папергер, кажа дека новата фабрика ќе биде готова за 14 месеци и ќе има почетно производство од 100.000 гранати годишно.

    Рајнметал“ е најголемиот производител на оружје во Германија и петти по големина во Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира