ГЕРМАНЦИТЕ ШТЕДАТ И ГИ МЕНУВААТ ПОТРОШУВАЧКИТЕ НАВИКИ ПОРАДИ ИНФЛАЦИЈАТА

    ГЕРМАНЦИТЕ ШТЕДАТ И ГИ МЕНУВААТ ПОТРОШУВАЧКИТЕ НАВИКИ ПОРАДИ ИНФЛАЦИЈАТАПовеќе од половина од испитаниците рекле дека ги купуваат само неопходните производи (Фото: ДПА)

    Драматичниот пораст на цените ги принуди Германците да штедат и да ги променат своите потрошувачки навики на разни начини.

    Според анкетата на компанијата за истражување на пазарот „Нилсен“, која опфати 10.000 луѓе, повеќе од половина од потрошувачите (52%) ги купуваат само неопходните производи.

    Околу 44% рекле дека се откажале од производите кои служат само за забава или луксуз, а 31% намалиле со посети на ресторани и место тоа, јадат дома.

    Околу 30% испитаници одговориле потврдно на прашањето дали пазаруваат помалку.

    Луѓето применуваат и разни други стратегии на штедење. Повеќе ги споредуваат цените, обрнуваат повеќе внимание на специјални понуди, се префрлуваат на поевтини производи или почесто купуваат на попусти“, вели експертот од „Нилсен“, Лотар Штајблин.

    Многумина ги менуваат и своите потрошувачки навики, па користат маргарин место путер и пијат вода од чешма место минерална вода.

    Според ова истражување, само 10% од германското население не е загрижено за инфлацијата, главно оние со високи приходи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира