ГЛАВНИОТ ЕКОНОМСКИ СОВЕТНИК НА ТРАМП ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    ГЛАВНИОТ ЕКОНОМСКИ СОВЕТНИК НА ТРАМП ПОДНЕСЕ ОСТАВКАМу помогна на Трамп да ја истурка даночната реформа. - Гери Кон (Фото: ЕПА)

    Главниот екононски советник на Доналд Трамп, Гери Кон, поднесе оставка, објави Белата куќа.

    Тоа е последното во серијата големи заминувања од таборот на американскиот претседател, кој пред неколку дена дозна дека си заминува и влијателната директорка на комуникации, Хоуп Хикс.

    „Ми беше чест да ѝ служам на мојата земја“, се вели во соопштението на Кон, објавено од Белата куќа.

    Кон, поранешен претседател на банката „Голдман Сакс“, му помогна на Трамп да ја истурка даночната реформа, но, исто така, се ширеа шпекулации дека двајцата баш и не се блиски.

    Ова доаѓа кратко време откако Трамп најави воведување тарифи на увозот на челикот и алуминиумот, потег на кој Кон се спротивставил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира