ГОЛЕМ ПОЖАР ЈА УНИШТИ ГЛАВНАТА БИНА НА ТЕХНО ФЕСТИВАЛОТ „ТУМОРОУЛЕНД“ ВО БЕЛГИЈА ДВА ДЕНА ПРЕД ОТВОРАЊЕТО

    ГОЛЕМ ПОЖАР ЈА УНИШТИ ГЛАВНАТА БИНА НА ТЕХНО ФЕСТИВАЛОТ „ТУМОРОУЛЕНД“ ВО БЕЛГИЈА ДВА ДЕНА ПРЕД ОТВОРАЊЕТООрганизаторите кажаа дека нема повредени и дека фестивалот сепак ќе се одржи (Фото: АП)

    Голем пожар ја уништи главната бина на популарниот фестивал на електронска музика „Тумороуленд“ во Белгија, два дена пред да требаше да почне. Организаторите кажаа дека нема повредени и дека фестивалот сепак ќе се одржи.

    Снимки споделени од локалните медиуми и на социјалните мрежи покажаа пламен и облаци од црн чад како ја проголтуваат бината, а огнот се шири кон блиската шума. Причината за пожарот не е позната.

    Фестивалот во градот Бом близу Брисел, што треба да почне утре, секоја година привлекува десетици илјади луѓе.

    Поради сериозен инцидент и пожар, нашата омилена главна бина е сериозно оштетена. Ова е ужасно, тоа е бина што се развиваше со години. Но, можеме да потврдиме дека никој не е повреден и фестивалот ќе продолжи според планираното. Очекуваме 38.000 посетители во нашиот камп, како и 100.000 луѓе да дојдат во градот. Нема да има главна бина, но ќе понудиме алтернативи“, изјави портпаролот на фестивалот.

    Основан од двајца белгиски браќа пред 20 години, „Тумороуленд“ денес е еден од најпрепознатливите техно фестивали во светот, благодарение на неговите спектакуларни бини и сценографии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира