ГОЛЕМ УДАР ЗА НАФТЕНИОТ КАРТЕЛ ОПЕК, ОАЕ ИЗЛЕГУВААТ ОД ЧЛЕНСТВОТО

    ГОЛЕМ УДАР ЗА НАФТЕНИОТ КАРТЕЛ ОПЕК, ОАЕ ИЗЛЕГУВААТ ОД ЧЛЕНСТВОТОСо заминувањето на ОАЕ, ОПЕК губи околу 15% од својот капацитет (Фото: АФП)

    Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе ја напушта групата на најголеми производители на нафта ОПЕК и следниот месец по речиси 60 години членство. Земјата изјави дека оваа одлука ќе ѝ помогне да ја задоволи растечката глобална побарувачка за енергенси на долг рок по неодамнешните инвестиции за зголемување на производствениот капацитет.

    Ова се смета за голем удар за картелот, а еден аналитичар го опиша излегувањето како „почеток на крајот на ОПЕК“. Министерот за енергетика на ОАЕ изјави дека тоа што земјата нема обврски кон групата ќе ѝ даде поголема флексибилност.

    Ова е победа за Трамп, кој претходно го нападна ОПЕК дека „го краде остатокот од светот“ и побара од Саудиска Арабија и другите земји-членки да ја намалат цената на нафтата.

    Ова е почетокот на крајот за сојузот. Со заминувањето на ОАЕ, ОПЕК губи околу 15% од својот капацитет и еден од своите најпослушни членови“, вели аналитичарот Сол Кавоник.

    ОПЕК сега ќе остане со 11 членови, а уште десет држави се дел од пошироката група ОПЕК+.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира