Доналд Трамп кажа дека е голема чест да се убиваат членовите на иранскиот режим.
„Целосно го уништуваме терористичкиот режим на Иран, воено, економски и на други начини. Имаме неспоредлива огнена моќ, неограничена муниција и многу време. Веќе нема што да се гаѓа таму. Никој не бил така напаѓан од Втората светска војна наваму. Гледајте што се случува со овие пореметени ѓубриња! Тие убиваат невини луѓе низ целиот свет 47 години, а сега јас, како 47. претседател на САД, ги убивам нив. Колку голема чест е тоа“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Тој кажа дека новиот ирански врховен водач Моџтаба Хамнеи е оштетен, но веројатно жив во некој облик. Хамнеи го преживеа првичниот американско-израелски удар, во кој беше убиен неговиот татко и иранските власти деновиве признаа дека бил лесно ранет, без да изнесат детали.
„Моџтаба Хамнеи е ранет и веројатно обезличен. Мислам дека знаеме зошто не сме го виделе или слушнале досега. Моџтаба е уплашен и во бегство и нема легитимитет“, кажа американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.
Тој истакна дека Трамп ќе ги одреди темпото и времетраењето на овој конфликт. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп кажа дека војната ќе заврши кога тој ќе го почувствува тоа.
„Следната недела ќе го удриме Иран многу силно. Веќе го оштетивме толку лошо што ќе му требаат години за да се обнови“.



