ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО УКРАИНСКАТА ВЛАДА, ОСТАВКА ДАДЕ И МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ДМИТРО КУЛЕБА

    ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО УКРАИНСКАТА ВЛАДА, ОСТАВКА ДАДЕ И МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ДМИТРО КУЛЕБАДмитро Кулеба ги предводеше напорите на Украина за придобивање на меѓународната јавност околу војната со Русија (Фото: АП)

    Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба поднесе оставка во рамките на најавените големи промени во украинската влада, објави спикерот на парламентот Руслан Стефанчук. Кулеба ја извршуваше оваа функција од 2020 и ги предводеше напорите на Украина за придобивање на меѓународната јавност околу војната со Русија и за склучување нови партнерства.

    Украинските медиуми јавуваат дека негов наследник би можел да биде сегашниот заменик-министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

    Оставка поднесе и Олександр Камишин, кој го водеше министерството за стратешки индустрии, во чија надлежност е и производството на оружје, исто како и министерот за правда Денис Малиуска и вицепремиерките Олга Стефанишина и Ирина Верешчук.

    Давид Арахамија, шефот на кабинетот на партијата на Зеленски, вчера изјави дека промените ќе опфатат повеќе од половина од владата.

    Есента ќе биде екстремно важна за Украина. За да ги постигнеме резултатите што ни требаат, мора да зајакнеме и промениме некои области во владата. Ќе има промени и во претседателскиот кабинет“, кажа Володимир Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира