ГОЛЕМИ ШТЕТИ ВО ИНДУСТРИСКИ ГРАД ВО КАТАР ОТКАКО ИРАН СЕ ОДМАЗДИ ЗА ИЗРАЕЛСКИОТ НАПАД ВРЗ ГАСНО ПОЛЕ

    ГОЛЕМИ ШТЕТИ ВО ИНДУСТРИСКИ ГРАД ВО КАТАР ОТКАКО ИРАН СЕ ОДМАЗДИ ЗА ИЗРАЕЛСКИОТ НАПАД ВРЗ ГАСНО ПОЛЕИзраел денеска го бомбардираше огромното гасно поле Парс (Фото: Икс)

    Катарската државна нафтена компанија објави дека ирански проектили го погодиле индустрискиот град Раф Лафан, неколку часа откако Иранската револуционерна гарда се закани дека ќе се одмазди за израелскиот напад врз најголемото гасно поле во светот Јужен Парс. „КатарЕнерџи“ кажа дека е предизвикана голема штета во областа на Раф Лафан, каде што се наоѓа најголемата постројка за производство на течен природен гас на светот.

    Тимовите за итни интервенции беа веднаш распоредени за да ги локализираат пожарите што произлегоа од нападите, бидејќи е предизвикана голема штета. Во овој момент не се пријавени жртви, а пожарите се ставени под контрола“, објави „КатарЕнерџи“ на Икс.

    Катарските власти кажаа дека овој напад е директна закана за неговата национална безбедност и за стабилноста на целиот регион.

    Катар го задржува своето право да одговори и нема да се двоуми да ги преземе сите потребни мерки за заштита на своите суверенитет и безбедност“, објави катарската влада.

    Израел денеска го бомбардираше огромното гасно поле Парс во првиот потврден напад врз иранската енергетска инфраструктура во Заливот од почетокот на војната. Иран потоа предупреди дека ќе ги нападне енергетските постројки во соседните заливски земји.

    Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан кажа дека нападите врз енергетската инфраструктура би можеле да доведат до неконтролирани последици.

    Ционистичкиот американски непријател и нивните поддржувачи нема да постигнат ништо со ваквите агресивни акции. Напротив, тие дополнително ќе ја закомплицираат ситуацијата и би можеле да доведат до неконтролирани последици, чиј обем би можел да го зафати целиот свет“, рече тој.

    Во досегашниот тек на војната, САД и Израел се воздржуваа од таргетирање на иранските енергетски капацитети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира