ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГДАЊСК ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА ОТКАКО БИЛ ИЗБОДЕН СО НОЖ НА ХУМАНИТАРЕН НАСТАН

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГДАЊСК ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА ОТКАКО БИЛ ИЗБОДЕН СО НОЖ НА ХУМАНИТАРЕН НАСТАНПавел Адамович бил опериран пет часа откако претрпил сериозни повреди во пределот на стомакот (Фото: Ројтерс)

    Градоначалникот на Гдањск се наоѓа во критична состојба откако бил избоден со нож на најголемиот хуманитарен настан во Полска. Педесет и тригодишниот Павел Адамович беше превезен во болница, кадешто бил опериран пет часа.

    Полицијата соопшти дека напаѓачот е 27-годишник со криминално минато, кој тврдел дека бил неправедно затворен за време на претходната власт, која го поддржала реизборот на Адамович.

    „Адамович претрпил сериозни повреди во пределот на стомакот“, изјави д-р Томаш Стефанијак, директорот на Универзитетскиот клинички центар во Гдањск.

    За време на операцијата, Адамович, кој 20 години е на чело на градот, примил 41 единица крв.

    „Тој останува во многу, многу сериозна состојба. Наредните часови ќе бидат клучни“, додаде Стефанијак.

    Инцидентот се случи за време на финалето на големата божиќна хуманитарна забава, на која присуствувале стотици луѓе. ТВ-снимките го покажаа напаѓачот како извикува „Адамович е мртов“ и дека бил мачен во затворот.

    „Лекарите успеаја да го реанимираат сериозно повредениот градоначалник. Има надеж, но неговата состојба е многу тешка“, кажа претседателот на Полска, Анджеј Дуда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира