ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК ЕРИК АДАМС ОБВИНЕТ ЗА ПРИМАЊЕ МИТО ОД ТУРЦИЈА

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК ЕРИК АДАМС ОБВИНЕТ ЗА ПРИМАЊЕ МИТО ОД ТУРЦИЈАЕрик Адамс кажа дека нема да се повлече од функцијата (Фото: АП)

    Американските обвинители денеска го обвинија градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, дека добил нелегални средства, мито и луксузни патувања од турски државјанин, што ја доведе во хаос најголемата градска управа во САД.

    Во обвинението на 57 страни, обвинителите опишаа наводна шема која се протегала до 2014 година и ја помогнала градоначалничката кампања на Адамс во 2021, при што тој добивал бесплатни соби во луксузни хотели и оброци во скапи ресторани. За возврат, Адамс ги притискал градските власти да го одобрат отворањето на новата зграда на турскиот конзулат од 36 ката, и покрај грижите за безбедноста.

    Адамс (64) се соочува со пет кривични дела, вклучувајќи заговор и измама. Тој ги негира обвинувањата и кажа дека нема да се повлече од функцијата.

    Ќе ја продолжам мојата работа како градоначалник“, изјави Адамс.

    Поранешниот полициски капетан е првиот од досегашните 110 градоначалници на Њујорк кој ќе биде кривично гонет додека е на функција. Гувернерката на Њујорк, Кејти Хочал, би можела да го тргне од функцијата, но процесот е сложен, велат експертите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира