ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРАГА ПОД ПОЛИЦИСКА ЗАШТИТА ЗАШТО НАВОДНО РУСИТЕ САКАЛЕ ДА ГО УБИЈАТ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРАГА ПОД ПОЛИЦИСКА ЗАШТИТА ЗАШТО НАВОДНО РУСИТЕ САКАЛЕ ДА ГО УБИЈАТЗдењек Хриб беше критикуван од Москва откако плоштад во Прага беше преименуван во чест на убиениот руски дисидент Борис Немцов (Фото: Гети)

    Градоначалникот на Прага потврди дека се наоѓа под полициска заштита, неколку дена откако се појавија информации дека се подготвува атентат врз него.

    Ова следува откако чешкиот истражувачки неделник „Респект“ објави дека руски агент пристигнал во земјата пред три недели, со цел да го убие Здењек Хриб со отровот рицин. Хриб одбил да каже зошто има полициска заштита, но призна дека бил следен.

    Руската амбасада во Прага соопшти дека ваквите информации се неосновани и категорички ги отфрли сите обвинувања.

    „Тоа е лажна вест“, изјави портпаролот на Владимир Путин, Дмитри Пешков.

    Весникот се повика на анонимни разузнавачки извори, додека властите и полицијата не потврдија дека постои заговор за убиство на Хриб.

    Тој беше критикуван од Москва откако ја поддржа одлуката плоштадот пред руската амбасада во Прага да биде преименуван во чест на убиениот дисидент Борис Немцов. Прага претходно ја отстрани и статуата на советскиот херој од Втората светска војна, Иван Коњев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира