ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА ВОВЕДУВА ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ ПРЕД ВЕЛИГДЕН ЗА ДА СЕ СПРЕЧАТ ПАТУВАЊАТА

    ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА ВОВЕДУВА ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ ПРЕД ВЕЛИГДЕН ЗА ДА СЕ СПРЕЧАТ ПАТУВАЊАТАГрците вообичаено ги прославуваат велигденските празници надвор од Атина и други градови (Фото: АП)

    Грчката полиција ќе постави контролни пунктови долж автопатиштата од Атина за да ја спроведе забраната за патувања, која ќе биде засилена за Велигден поради коронавирусот.

    Грците вообичаено ги прославуваат велигденските празници надвор од Атина и други градови, но владата смета дека нивото на ширење на коронавирусот е преголемо за да се дозволат слободни патувања. Овие пунктови ќе почнат да функционираат в петок.

    Црквите беа затворени за Велигден лани, но богослужбите ќе бидат дозволени оваа година, при што бројот на присутните ќе биде ограничен, а свештениците ќе мора да се тестираат за коронавирус. Главната велигденска служба в сабота ќе се одржи три часа порано, во 21 часот, поради полицискиот час, додека владата ги замоли верниците да останат дома.

    Дополнителните ограничувања за патувања ќе останат на сила до 10 мај, додека меѓу регионите може да се патува само од неопходни причини.

    Грција планира да ја почне летната туристичка сезона на 15 мај, а претходно, на 3 мај, ќе се отворат трговските центри, рестораните и кафулињата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира