Борбен авион „Ф-16“ на грчките воздухопловни сили се запали при принудно слетување на аеродромот на Закинтос, затворајќи еден од најпрометните терминали за летни одмори во Грција. Авионот, кој бил на тренинг лет, слетал откако се појавил технички дефект.
„Пилотот е во добра здравствена состојба. Причината за инцидентот се истражува“, соопштија воздухопловните сили.
Грчките медиуми објавија дека авионот добил индикација за пожар пред слетувањето и се запалил на пистата, што довело до итна реакција на пожарникарите и персоналот на аеродромот. Борбениот авион слетал без да го активира својот систем за слетување, поради што лизгал десетици метри по пистата, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Пистата беше затворена по инцидентот, што предизвика доцнења.



