ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА СО 36 МРТВИ

    ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА СО 36 МРТВИКонстантинос Караманлис вели дека презема одговорност за недостатоците на грчката држава низ годините (Фото: Интајм њуз)

    Грчкиот министер за транспорт и инфраструктура Константинос Караманлис поднесе оставка по тешката железничка несреќа кај Лариса ноќеска, во која загинаа најмалку 36 луѓе.

    Чувствувам дека е моја должност да го направам тоа во знак на почит кон луѓето кои загинаа толку неправедно и да ја преземам одговорноста за недостатоците на грчката држава и политичкиот систем низ годините. Кога ќе се случи нешто олку ужасно, не можеме да продолжиме да се однесуваме како ништо да не се случило. Во политиката сум долги години и сметам дека довербата што граѓаните ја имаат во политичкиот систем е суштински дел од демократијата. Ова се вика политичка одговорност“, изјави Караманлис.

    Во несреќата што се случи синоќа пред полноќ се судрија патнички воз со 342 патници кој сообраќал на линијата Атина-Солун и товарен воз кој се движел од Солун кон Лариса. Шефот на синдикатот кој ги претставува работниците од Грчката железничка организација, Никос Цикалакис, изјави дека првичниот заклучок на истрагата е дека несреќата била предизвикана од човечка грешка.

    Уапсен е шефот на железничката станица во Лариса, кој е обвинет за убиство од небрежност и за нанесување тешки телесни повреди од небрежност.

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицоталис го посети местото на несреќата во Темпи близу Лариса и вети дека ќе се пронајдат причините за несреќата, со цел вакво нешто веќе никогаш да не се повтори. Точниот број жртви и натаму се утврдува, додека 72 лица се хоспитализирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира