Гренланд уште еднаш му порача на Доналд Трамп дека не е на продажба откако тој кажа дека сака да преземе контрола врз оваа територија.
„Гренланд му припаѓа на народот на Гренланд“, изјави неговиот премиер Муте Егеде, откако Трамп ги повтори своите коментари за арктичкиот остров што првпат ги даде пред неколку години.
Оваа автономна данска територија е дом на голема американска вселенска база и се наоѓа на најкратката маршрута меѓу Европа и САД, со што е од голема стратешка важност за Америка.
„Во интерес на националната безбедност и слободата низ светот, САД сметаат дека сопствеништвото и контролата врз Гренланд се апсолутна неопходност“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Гренландскиот премиер Егеде му одговори дека „ние не сме на продажба и нема да бидеме“.
„Не смееме да ја изгубиме нашата долга борба за слобода. Исто така, мора да продолжиме да бидеме отворени за соработка и трговија со целиот свет, особено со нашите соседи“, рече Егеде.
Трамп првпат во 2019 сугерираше дека САД треба да го преземат Гренланд, што тогаш беше осудено од скандинавските лидери.