Климатската активистка Грета Тунберг беше приведена од полицијата на протест во Хаг, Холандија. Таа беше ставена во автобус од локалната полиција, заедно со други демонстранти, кои се обидоа да блокираат автопат.
Автопатот А12 беше затворен по неколку часа поради протести изминативе месеци, од страна на активисти кои бараат да престанат субвенциите за фосилни горива.
Овојпат, блокадата на автопатот беше спречена со силно полициско присуство и на демонстрантите не им беше дозволено да стигнат до автопатот.
Помала група демонстранти, вклучувајќи ја и Тунберг, успеа да стигне до друг пат и да го блокира, но потоа беа приведени. Холандската полиција во вакви случаи обично ги остава демонстрантите во друг дел од градот, без последици.