ГРЕТА ТУНБЕРГ УАПСЕНА НА ПРОТЕСТ ВО ХАГ

    ГРЕТА ТУНБЕРГ УАПСЕНА НА ПРОТЕСТ ВО ХАГТунберг и други климатаски активисти блокираа пат во Холандија. (Фото: АНП)

    Климатската активистка Грета Тунберг беше приведена од полицијата на протест во Хаг, Холандија. Таа беше ставена во автобус од локалната полиција, заедно со други демонстранти, кои се обидоа да блокираат автопат.

    Автопатот А12 беше затворен по неколку часа поради протести изминативе месеци, од страна на активисти кои бараат да престанат субвенциите за фосилни горива.

    Овојпат, блокадата на автопатот беше спречена со силно полициско присуство и на демонстрантите не им беше дозволено да стигнат до автопатот.

    Помала група демонстранти, вклучувајќи ја и Тунберг, успеа да стигне до друг пат и да го блокира, но потоа беа приведени. Холандската полиција во вакви случаи обично ги остава демонстрантите во друг дел од градот, без последици.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира