Грција во понеделникот им дозволи на борделите да продолжат со работа, но ќе мора да се почитуваат некои строги правила.
Муштериите ќе смеат да се задржат најмногу 15 минути, а носењето маска ќе биде задолжително како за вработените, така и за клиентите.
Се препорачува вратите и прозорците да бидат отворени за да има проток на свеж воздух, а плаќањето мора да биде со картица. Борделите треба да ги чуваат личните податоци на клиентите во запечатено плико барем четири недели, во случај властите да мора да следат нов кластер на зараза.
Холандската влада најави дека тамошните сексуални работници ќе продолжат со работа дури на 1 септември.