ГРУПАТА „ВАГНЕР“ ЗАКОНСКИ НЕ ПОСТОИ, ВЕЛИ ПУТИН

    ГРУПАТА „ВАГНЕР“ ЗАКОНСКИ НЕ ПОСТОИ, ВЕЛИ ПУТИНПлатениците на Пригожин ги водеа некои од најкрвавите битки во Украина (Фото: АФП)

    Владимир Путин изјави дека платеничката група „Вагнер“ не постои како правен субјект.

    Во интервјуто за весникот „Комерсант“, Путин првпат зборуваше за средбата со 35 заповедници на „Вагнер“ и нивниот шеф Евгени Пригожин, која се одржала во Кремљ само пет дена по нивната побуна.

    На оваа средба ја дадов мојата проценка за тоа што тие го направиле на бојното поле во Украина и за тоа што го направиле на 24 јуни и исто така им ги понудив опциите за нивната натамошна служба, вклучувајќи го користењето на нивното борбено искуство“, кажа Путин.

    Тој потврди дека „Вагнер“ нема да продолжи да функционира како борбена единица.

    „‘Вагнер‘ едноставно не постои како правен субјект. Ние не дозволуваме приватни воени организации. ‘Вагнер‘ како група постои, но законски не постои. За нејзината легализација треба да се дискутира во парламентот, но тоа не е лесно прашање“, изјави Путин.

    И Пентагон соопшти дека „Вагнер“ веќе нема значајна улога во борбените операции во Украина. Платениците на Пригожин ги водеа некои од најкрвавите битки во оваа војна и имаа клучна улога во освојувањето на Бахмут, но покренаа побуна на 24 јуни откако одбија да се стават под контрола на Кремљ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира