ГУГЛ СО КРИЗЕН ФОНД, А СТАРБАКС СО ВРАБОТУВАЊЕ БЕГАЛЦИ ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ ПОЛИТИКАТА НА ТРАМП

a:1:{s:9:"td_source";s:50:"Вашингтон,Маунтајнвју(АП)

    ГУГЛ СО КРИЗЕН ФОНД, А СТАРБАКС СО ВРАБОТУВАЊЕ БЕГАЛЦИ ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ ПОЛИТИКАТА НА ТРАМП

    Гугл формираше кризен фонд за организациите што се борат за правата на имигрантите, а синџирот кафетерии Старбакс најави дека ќе вработи 10.000 бегалци како одговор на извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за ограничување на бегалците и имигрантите.

    Фондот на Гугл изнесува 4 милиони долари. Првите два милиони ќе бидат дадени на неколку невладини организации што ги штитат правата на имигрантите. Првите донации се од вработените во компанијата, а директорите ќе донираат одвоено од нив.

    Во изјава за јавноста од Гугл изјавија дека се загрижени како наредбата на Трамп привремено да забрани влез од седум претежно муслимански земји ќе се одрази врз судбините на вработени во компанијата и нивните семејства.

    Глобалниот синџир кафетерии Старбакс ќе вработи 10.000 бегалци во наредните 5 години како одговор на наредбата на Трамп.

    Хауард Шулц, претседател на управниот одбор на Старбакс со писмо го известил вработените дака бегалците ќе се вработуваат во кафетериите низ целиот свет, а со вработувања ќе се започне во САД каде што компанијата ќе се фокусира на имигранти „кои во минатото работеле со американските трупи во нивните земји како преведувачи и придружен персонал“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира