ГУВЕРНЕРОТ НА ЊУЈОРК, ЕНДРЈУ КУОМО, ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ ОБВИНУВАЊАТА ЗА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ

    ГУВЕРНЕРОТ НА ЊУЈОРК, ЕНДРЈУ КУОМО, ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ ОБВИНУВАЊАТА ЗА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕИстрагата утврдила дека Куомо сексуално вознемирувал 11 жени (Фото: АП)

    Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, поднесе оставка откако истрагата утврди дека сексуално вознемирувал повеќе жени, што претставува срамен пад на човекот кој своевремено се сметаше за потенцијален конкурент за претседател на САД.

    Куомо, демократ кој го служеше четвртиот мандат како гувернер на најнаселената американска сојузна држава, се огласи откако јавната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, ги објави резултатите од петмесечната истрага, која заклучи дека неговите постапки прекршиле сојузни и федерални закони. Во 20-минутно ТВ-обраќање, Куомо негираше дека сторил нешто погрешно, но презеде полна одговорност за навредување жени во ситуации кога се обидувал да биде смешен.

    „Во ваква ситуација, останувањето на функцијата ќе ја парализираше сојузната влада и ќе ги чинеше даночните обврзници милиони долари, во времето кога пандемијата сè уште претставува голема закана“, кажа Куомо.

    Истрагата утврдила дека Куомо сексуално вознемирувал 11 жени, вклучувајќи бивши и сегашни владини работнички и се одмаздил на најмалку една жена која го обвинила за тоа.

    Кејти Хокал ќе биде гувернерка на Њујорк до истекот на мандатот на Куомо во декември 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира