ГВИНЕТ ПАЛТРОУ ДОБИ ЕДЕН ДОЛАР ОТШТЕТА И ПРЕСУДА ДЕКА НЕ Е ВИНОВНА ЗА СКИЈАЧКА НЕСРЕЌА ПРЕД 7 ГОДИНИ

    ГВИНЕТ ПАЛТРОУ ДОБИ ЕДЕН ДОЛАР ОТШТЕТА И ПРЕСУДА ДЕКА НЕ Е ВИНОВНА ЗА СКИЈАЧКА НЕСРЕЌА ПРЕД 7 ГОДИНИПалтроу вели дека е задоволна од исходот и им се заблагодари на судијата и осумчлената порота за „нивната внимателност во постапувањето со овој случај“. (Фото: Би-Би-Си)

    Холивудската актерка Гвинет Палтроу им се заблагодари на поротниците кои донесоа одлука дека таа не е одговорна за скијачката несреќа во 2016 во ресорт во Јута. Седумесет и шестгодишниот Тери Сандерсон ја тужеше глумицата дека се судрила во него, нанесувајќи му повреди кои му го промениле животот. Сандерсон, кој бараше отштета од 300 илјади долари, рече дека пресудата е „многу разочарувачка“.

    Поротниците застанаа на страната на Палтроу (50), која го обвини Сандерсон за несреќата и поднесе тужба за 1 долар плус судски трошоци. Поротата ѝ додели на Палтроу 1 долар, симболична сума што таа ја побара за да покаже дека не се работи за пари.

    Слушајќи ја пресудата пред судот, Палтроу гледаше право напред и изгледаше како благо да кимна со главата. На заминување, таа накратко застана да разговара со Сандерсон. Подоцна тој кажа дека таа му рекла: „Ви посакувам сѐ најдобро“, а тој ѝ одговорил: „Ти благодарам, драга“.

    Во изјавата на Инстаграм до нејзините 8,3 милиони следбеници, оскаровката вели, „Чувствував дека прифаќањето на лажно тврдење го загрози мојот интегритет“. Палтроу вели дека е задоволна од исходот и им се заблагодари на судијата и осумчлената порота за „нивната внимателност во постапувањето со овој случај“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира