ХАМАС Е ВИНОВЕН ЗА ЦИВИЛНИТЕ ЖРТВИ ВО ГАЗА, ОДГОВОРИ НЕТАНИЈАХУ НА ПОВИКОТ НА МАКРОН ДА ПРЕСТАНЕ БОМБАРДИРАЊЕТО

    ХАМАС Е ВИНОВЕН ЗА ЦИВИЛНИТЕ ЖРТВИ ВО ГАЗА, ОДГОВОРИ НЕТАНИЈАХУ НА ПОВИКОТ НА МАКРОН ДА ПРЕСТАНЕ БОМБАРДИРАЊЕТОМакрон претходно во интервју во Елисејската палата, кажа дека „нема оправдување“ за бомбардирањето и додаде дека примирје ќе му биде од корист на Израел. (Фото: Твитер/принтксрин)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху одговори на повикот на францускиот претседател Емануел Макрон до Израел да престане да бомбардира „бебиња, жени, стари луѓе“ во Газа, велејќи дека одговорноста за цивилните жртви лежи кај Хамас.

    „Додека Израел прави сè да се воздржи од нанесување штета на цивили и ги повикува да си заминат од областите каде што има борби, Хамас-ИСИС прави сè за да ги спречи да заминат во безбедни зони и ги користи како човечки штит“, кажа Нетанијаху во соопштение на неговиот кабинет.

    Нетанијаху додава дека Хамас сурово држи заложници, меѓу кои има жени, деца и постари луѓе и дека користи училишта, џамии болници како командни центри.

    „Овие злосторства што ги прави Хамас-ИСИС денеска во Газа, утре ќе бидат извршени во Париз, Њујорк и насекаде низ светот. Светските лидери мора да го осудат Хамас-ИСИС, а не Израел“, вели израелскиот премиер.

    Макрон претходно во интервју во Елисејската палата, кажа дека „нема оправдување“ за бомбардирањето и додаде дека примирје ќе му биде од корист на Израел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира