ХАМАС ГО НАПАДНА ЈУЖНИОТ ГРАД АШКЕЛОН ПО НАЈЖЕСТОКИТЕ ИЗРАЕЛСКИ БОМБАРДИРАЊА НА ГАЗА ДОСЕГА

    ХАМАС ГО НАПАДНА ЈУЖНИОТ ГРАД АШКЕЛОН ПО НАЈЖЕСТОКИТЕ ИЗРАЕЛСКИ БОМБАРДИРАЊА НА ГАЗА ДОСЕГАИзраел му се закани на Хамас со моќна одмазда (Фото: АП)

    Изреал денеска го бомбардираше Појасот Газа со најголемата жештина во 75-годишниот конфликт со Палестинците, срамнувајќи со земја цели населби, и покрај заканите од Хамас дека ќе егзекутира израелски заложници ако продолжат нападите на цивилите.

    Во знак на одмазда, палестинските милитанти попладнево го ракетираа јужниот израелски град Ашкелон, откако им дадоа рок на жителите да се евакуираат до 17 часот по локално време.

    Од почетокот на нападот на Хамас во саботата наутро, од Појасот Газа биле испукани повеќе од 4.500 ракети. Бројот на убиени во Израел порасна на 1.008, а во воздушните напади на Газа загинаа најмалку 830 луѓе.

    Израел му се закани на Хамас со моќна одмазда и мобилизираше 300.000 воени резервисти, навестувајќи дека се подготвува за копнена офанзива на Газа.

    Опеативците на Хамас нема да има каде да се скријат“, кажа портпаролот на војската Даниел Хагари.

    Во Израел, и натаму се комплетира официјалната бројка мртви и исчезнати по саботниот напад на Хамас. Во јужната погранична комуна Беери се собрани повеќе од 100 тела, а во соседната комуна Кфар Аза едни до други лежат телата на локални жители и палестински милитанти.

    Наоѓаме бебиња, мајки, татковци во нивните спални соби, гледаме како терористите ги убивале. Ова не е војна, ова не е бојно поле, ова е масакр“, изјави израелскиот генерал Итај Верув.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира