ХАМАС ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРИМИРЈЕ, ИЗРАЕЛ ПОСТАВИ ДАТУМ ЗА ОФАНЗИВАТА ВО ЈУЖНА ГАЗА

    ХАМАС ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРИМИРЈЕ, ИЗРАЕЛ ПОСТАВИ ДАТУМ ЗА ОФАНЗИВАТА ВО ЈУЖНА ГАЗАРафа е последното прибежиште за повеќе од милион раселени Палестинци (Фото: Гети)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е поставен датумот за почетокот на планираната офанзива во Рафа, јужниот град во Газа кој е последно прибежиште за многубројните раселени Палестинци. Ова следува откако Хамас го одби израелскиот предлог за примирје изложен на преговорите во Каиро, во кои учествувале и египетски и катарски посредници и директорот на ЦИА, Вилијам Брнз.

    Најавена уште пред неколку недели, Нетанјаху вели дека офанзивата во Рафа е неопходна „за да се елиминираат тамошните терористички баталјони“. Светските лидери го повикуваат Израел да се откаже од оваа офанзива, велејќи дека би можела да има опасни последици.

    Денеска добив детален извештај за разговорите во Каиро. Нашата цел е ослободување на сите заложници и целосна победа над Хамас. За да се оствари победата, мора да се влезе во Рафа. Тоа ќе се случи, имаме датум“, изјави Нетанјаху. 

    Висок функционер на Хамас кажа дека преговорите за примирје пропаднале зашто со израелските предлози не се исполнувале барањата на групата. Во разговорите учествувал и шефот на ЦИА, што се сфаќа како нов обид за притисок врз Израел, имајќи предвид дека САД не се согласуваат со офанзивата во Рафа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира