ХАМАС ИСПУКА РАКЕТИ КОН ТЕЛ АВИВ, ИЗРАЕЛ ГИ ОБНОВИ КОПНЕНИТЕ БОРБИ ВО ГАЗА ПО ДВОМЕСЕЧНОТО ПРИМИРЈЕ

    ХАМАС ИСПУКА РАКЕТИ КОН ТЕЛ АВИВ, ИЗРАЕЛ ГИ ОБНОВИ КОПНЕНИТЕ БОРБИ ВО ГАЗА ПО ДВОМЕСЕЧНОТО ПРИМИРЈЕРечиси 600 луѓе загинале откако Израел ги обнови борбите во Газа во вторникот (Фото: АП)

    Хамас ги испука првите ракети кон Тел Авив откако по двомесечното примирје повторно почнаа борбите во Газа и цивилите пак мора да бегаат. Израел кажа дека една ракета била пресретната, а останатите две паднале во ненаселено подрачје.

    Речиси 600 луѓе загинале откако Израел ги обнови борбите во Газа во вторникот, според министерството за здравство водено од Хамас.

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа кажаа дека почнале копнена операција на палестинската територија.

    Нашите војници почнаа да спроведуваат копнени активности во Рафа, како и во централниот и северниот дел на Газа. Целта е да се растури терористичката инфраструктура“, соопшти ИДФ.

    Израелската војска претходно кажа дека спроведува ограничена копнена операција за да се создаде делумна тампон зона меѓу северот и југот на Газа.

    Портпаролот на израелската влада Давид Менцер го обвини Хамас за продолжувањето на насилствата и дека ја изнудил оваа ескалација поради одбивањето на сите договори за ослободување на заложниците. Според Израел, Хамас држи уште 59 заложници, од кои 24 се живи.

    Во исто време, премиерот Бенјамин Нетанјаху го смени шефот на националната безбедносна служба Шин Бет, Ронен Бар, поради тоа што не успеал да го предвиди нападот на Хамас на 7 октомври 2023. Тој кажа дека помеѓу нив веќе нема доверба. Ова е првпат во историјата на Израел владата да го смени шефот на Шин Бет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира