ХАМАС ОСЛОБОДИ ЧЕТИРИ ЖЕНИ ОД ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА КОИ БЕА ЗАРОБЕНИ ВО 2023

    ХАМАС ОСЛОБОДИ ЧЕТИРИ ЖЕНИ ОД ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА КОИ БЕА ЗАРОБЕНИ ВО 2023Читирите жени беа стационирани на набљудувачка станица на работ на Газа и беа киднапирани од борците на Хамас за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023. (Фото: Гети)

    Хамас ослободи четири жени припаднички на израелската војска во замена за околу 200 палестински затвореници, во согласност со договорот за прекин на огнот со цел да се стави крај на 15-месечната војна во Газа.

    Четирите жени кои беа заробени во 2023, беа изведени на подиумот во градот Газа, среде голема толпа Палестинци и опкружени со десетици вооружени мажи на Хамас. Тие со насмевка на лицата мавтаа пред да влезат во возилата и да бидат предадени на израелските сили.

    Припадничките на израелската војска Карина Ариев, Даниела Гилбоа, Нама Леви и Лири Албаг беа стационирани на набљудувачка станица на работ на Газа и беа киднапирани од борците на Хамас кои ја прегазија нивната база за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира