ХАМБУРГ ДОБИ ФИЛХАРМОНИЈА ОД 800 МИЛИОНИ ЕВРА

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Германија,(ДПА)

    ХАМБУРГ ДОБИ ФИЛХАРМОНИЈА ОД 800 МИЛИОНИ ЕВРА

    Новиот бисер во културниот пејзаж на Германија, сјајната концертна сала Елбфилхармонија, до пристаништето во Хамбург, синоќа ги отвори вратите со концерт полн со ѕвезди, одбележувајќи го крајот на 10-годишното градење, полно со одложувања и скриени трошоци.

    Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Јоаким Гаук беа меѓу 2,100-те гости на гала отварањето под силно обезбедување (Фото: Фејсбук на Хамбуршката Елбфилхармонија)

    Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Јоаким Гаук беа меѓу 2,100-те гости на гала отварањето под силно обезбедување (Фото: Фејсбук на Хамбуршката Елбфилхармонија)

    Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Јоаким Гаук беа меѓу 2,100-те гости под силно обезбедување. Безбедносните мерки на сите јавни настани низ Германија се засилени, откако се случи терористичкиот напад на Божиќниот панаѓур во Берлин.

    На отварањето настапи оркестарот на Елпфилхармонијата со главниот диригент Томас Хенгелброк, а во обемната програма беа композиции од ренесансата па се до најсовремените.

    Градбата од челик и стакло, дизјанирана од архитектот Херцог де Мојрон, заврши со вкупно потрошени 789 милиони евра или 10 пати повеќе од планираното (Фото: Фејсбук на Хамбуршката Елбфилхармонија)

    Градбата од челик и стакло, дизјанирана од архитектите Херцог и де Мојрон, заврши со вкупно потрошени 789 милиони евра или 10 пати повеќе од планираното (Фото: Фејсбук на Хамбуршката Елбфилхармонија)

    hamburg 2

    Планирањата за Елбфилхармонијата, која се смета за нов симбол на Хамбург, започнаа скоро пред 10 години, кога властите очекувале дека ќе чини вкупно 77 милиони евра и дека ќе заврши во 2010 – прва фотографија со оркестар и публика од отварањето (Фото: Фејсбук на Хамбуршката Елбфилхармонија)

    Елбфилхармонијата привлекувала и јавни протести и многу скандали за време на нејзиното градење. Меѓутоа, полицискиот портпарол Тимо Зил соопшти дека немало регистрирани демонстрации за денот на отварањето.

    Планирањата за Елбфилхармонијата, која се смета за нов симбол на Хамбург, исто како Оперската куќа на Сиднеј или Концертната сала на Волт Дизни во Лос Анџелес, започнаа скоро пред 10 години, кога властите очекувале дека ќе чини вкупно 77 милиони евра и дека ќе заврши во 2010. Градбата од челик и стакло, дизајнирана од архитектите Херцог и де Мојрон, заврши со вкупно потрошени 789 милиони евра или 10 пати повеќе од планираното.

    (Фото: Фејсбук на Хамбуршката Елбфилхармонија)

    (Фото: Фејсбук на Хамбуршката Елбфилхармонија)

    „Денес е историски ден. Елбфилхармонијата е покана до светот да дојде во Хамбург, да ја види оваа величенствена зграда и да ужива во музиката“, рече градоначалникот на Хамбург Олаф Шолц.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира