ХАРИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП И МУ ПОСАКА ДА БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИТЕ АМЕРИКАНЦИ

    ХАРИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП И МУ ПОСАКА ДА БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИТЕ АМЕРИКАНЦИТелефонскиот повик и формално стави крај на жестокиот натпревар помеѓу Трамп и Харис (Фото: АП)

    Камала Харис телефонски му честитала на Доналд Трамп на победата на претседателските избори, пред вечерва да го има првото јавно обраќање по изборниот пораз.

    Според последните резултати, Трамп има освоено 294 електорски гласови, а Харис 223, односно за новиот претседател гласале 50,9% Американци, а за актуелната потпретседателка 47,4%. Останува да се објават резултатите од уште три сојузни држави.

    Телефонскиот повик и формално стави крај на жестокиот натпревар помеѓу Трамп и Харис, во кој двајцата меѓусебно се навредуваа, оцрнуваа и напаѓаа. Соработник на Харис кажа дека таа ја нагласила важноста да има мирен трансфер на власта и да се биде претседател на сите Американци.

    Харис вечерва ќе даде изјава на Универзитетот Хауард во Вашингтон, при што и формално ќе го признае поразот на изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира