ХЕГСЕТ НЕ ДОАЃА НА СРЕДБАТА НА 50 МИНИСТРИ ЗА ОДБРАНА, САД СЕ ДИСТАНЦИРААТ ОД ГРУПАТА ЗА ПОМОШ НА УКРАИНА

    ХЕГСЕТ НЕ ДОАЃА НА СРЕДБАТА НА 50 МИНИСТРИ ЗА ОДБРАНА, САД СЕ ДИСТАНЦИРААТ ОД ГРУПАТА ЗА ПОМОШ НА УКРАИНАОтсуството на Хегсет е последниот во серијата чекори со кои Вашингтон се оддалечува од украинските напори за одбрана од руската агресија (Фото: АП)

    Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет не доаѓа на денешната средба на 50 министри за одбрана во седиштето на НАТО во Брисел, клучен за координирањето на воената помош за Украина. Владата на Трамп одлучи да се дистанцира од групата, препуштајќи им го водството на Велика Британија и Германија.

    Хегсет ќе присуствува на утрешниот состанок на министрите за одбрана, а на денешната средба ќе го менува американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер.

    Отсуството на Хегсет е последниот во серијата чекори со кои Вашингтон се оддалечува од украинските напори за одбрана од руската агресија.

    Пред денешната средба, Велика Британија кажа дека планира десеткратно да го зголеми производството на дронови за да ѝ помогне на Украина.

    Британските компании ги користат лекциите научени од бојното поле за да развијат напредни нови беспилотни летала“, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили.

    Контакт групата за одбрана на Украина ја формираше претходниот американски министер за одбрана Лојд Остин и таа досега обезбеди помош за Украина од 126 милијарди долари, од кои 66,5 милијарди се од САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира