ХЕРСОН НАСКОРО ЌЕ СТАНЕ ДЕЛ ОД РУСИЈА, ИЗЈАВИ НОВИОТ ГУВЕРНЕР

    ХЕРСОН НАСКОРО ЌЕ СТАНЕ ДЕЛ ОД РУСИЈА, ИЗЈАВИ НОВИОТ ГУВЕРНЕРВо Херсон често се одржуваа протести против руската окупација (Фото: АП)

    Окупираниот јужен украински регион Херсон наскоро ќе биде целосно интегриран во Русија, изјави новиот гувернер Володимир Салдо. Тој беше поставен на функцијата од руските сили откако тие ја презедоа контролата врз регионот во почетокот на март.

    Салдо напиша на Телеграм дека областа отсега ќе се вика Регионот Херсон на Руската Федерација, а жителите ќе можат да аплицираат за руско државјанство во следните недели, откако ситуацијата ќе се стабилизира.

    Украинските власти и западот претходно предупредуваа дека Москва планира да спроведе лажен референдум за независност на Херсон. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, не кажа дека анексија на окупираните делови на јужна Украина неизбежно ќе се случи, туку дека иднината на регионот зависи од самите жители.

    Херсон беше првиот поголем град што Русите го освоија од почетокот на инвазијата. Од 1 мај, во регионот се плаќа во рубли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира