ХЕЗБОЛАХ ГО ИЗБРА НАИМ КАСЕМ ЗА НОВ ЛИДЕР, ТРИ ДЕЦЕНИИ БЕШЕ ЗАМЕНИК НА УБИЕНИОТ НАСРАЛАХ

    ХЕЗБОЛАХ ГО ИЗБРА НАИМ КАСЕМ ЗА НОВ ЛИДЕР, ТРИ ДЕЦЕНИИ БЕШЕ ЗАМЕНИК НА УБИЕНИОТ НАСРАЛАХСедумдесет и едногодишниот Касем е висок функционер на Хезболах повеќе од три децении (Фото: АФП)

    Хезболах го назначи Наим Касем за нов генерален секретар, заменувајќи го Хасан Насралах, кој беше убиен во израелски воздушен напад врз Бејрут минатиот месец. Долгогодишниот заменик на Насралах делуваше како неофицијален лидер на групата од неговото убиство.

    Седумдесет и едногодишниот Касем е висок функционер на Хезболах повеќе од три децении. Како наследник на Насралах првично се најавуваше Хашем Сафиедин, но во меѓувреме и тој беше убиен. За разлика од Насралах и Сафиедин, чии црни турбани означуваа дека се потомци на пророкот Мухамед, Касем носи бел турбан.

    Касем стана заменик-шеф на Хезболах во 1991 и долги години беше главен гласноговорник на групата, давајќи интервјуа за странските медиуми. Тој се огласи од непозната локација на 8 октомври, кога кажа дека капацитетите на Хезболах се недопрени, и покрај болните израелски удари.

    „Конфликтот помеѓу Хезболах и Израел е војна за тоа кој прв ќе заплаче, а Хезболах нема да плаче прв“, кажа тогаш Касем.

    Тој подоцна ги поддржа напорите на либанските власти да се обезбеди примирје и не го услови тоа со запирање на војната во Газа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира