ХЕЗБОЛАХ ИЗВЕДЕ ГОЛЕМ НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ ИЗРАЕЛСКА ВОЕНА БАЗА, НАЈМАЛКУ ЧЕТВОРИЦА МРТВИ

    ХЕЗБОЛАХ ИЗВЕДЕ ГОЛЕМ НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ ИЗРАЕЛСКА ВОЕНА БАЗА, НАЈМАЛКУ ЧЕТВОРИЦА МРТВИХезболах кажа дека ова бил одговор на израелскиот напад врз Бејрут во четвртокот (Фото: Гети)

    Четворица војници загинаа, а 58 луѓе се повредени во напад со дронови врз воена база во северен Израел. Хезболах ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека мета бил камп за обука на елитната бригада „Голани“ на Израелските одбранбени сили (ИДФ), сместен близу Хаифа.

    Ова беше одговор на израелскиот напад врз Бејрут во четвртокот, кога загинаа 22 луѓе“, соопшти Хезболах, додавајќи дека кампот бил нападнат со „рој дронови“.

    Ова е еден од најголемите напади врз израелска позиција од почетокот на војната во Газа пред повеќе од една година. ИДФ ги потврди смртните случаи и кажа дека седуммина од ранетите се во сериозна состојба.

    Некои израелски медиуми објавија дека базата била нападната со несофистицирани дронови кои ниско летаат, поради што не се активирале сирените за рано предупредување. Засега нема многу детали за изненадувачкиот напад, но многумина од повредените биле во кантина во тој момент. Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат голема дупка на покривот на објектот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира