ХЕЗБОЛАХ НЕ ПОВИКА НА СЕОПШТА ВОЈНА ПРОТИВ ИЗРАЕЛ, НО КАЖА ДЕКА СИТЕ ОПЦИИ СЕ ОТВОРЕНИ

    ХЕЗБОЛАХ НЕ ПОВИКА НА СЕОПШТА ВОЈНА ПРОТИВ ИЗРАЕЛ, НО КАЖА ДЕКА СИТЕ ОПЦИИ СЕ ОТВОРЕНИГоворот на Хасан Насралах будно се следеше и во Израел и Вашингтон (Фото: Би-Би-Си)

    Лидерот на Хезболах не повика на сеопшта војна против Израел во своето вчерашно јавно обраќање, но предупреди дека конфликтот би можел да се прошири на целиот Блиски Исток ако не запрат нападите во Газа. Малкумина во Либан, па и Хасан Насралах посакуваат нова војна со Израел, во услови кога економијата и политичкиот систем на земјата се пропаднати.

    Насралах се обрати од непозната локација и неговиот говор будно се следеше и во Израел и Вашингтон.

    Сите се опции се отворени. Ситуацијата би можела воено да ескалира во секој момент. Тоа најмногу зависи од акциите на Израел во Газа и од неговиот пристап кон Либан“, изјави Насралах, кој се огласи за првпат од почетокот на војната пред четири недели. 

    По бруталниот упад на Хамас на 7 октомври зачестија прекуграничните напади на Хезболах, што ја принуди израелската војска да распредели дел од трупите на северната граница. Израел го предупреди Хезболах да не отвора нов фронт зашто ќе се соочи со незамисливи последици.

    Она што се случува на нашиот фронт е многу важно и значајно и воопшто не е мало, како што на многумина им изгледа. Ве уверувам дека ова нема да биде крајот, ова нема да биде доволно“, кажа Насралах, додавајќи дека во изминатите недели загинале 57 борци на Хезболах.

    Тој тврди дека нападот на Хамас бил стопроцентно палестинска операција, подготвувана и изведена во голема тајност.

    Дури и ние и Иран не знаевме“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира