ХИБРИД НА КУЧЕ И ВОЛК УБИ ТРИМЕСЕЧНО БЕБЕ ВО АЛАБАМА

    ХИБРИД НА КУЧЕ И ВОЛК УБИ ТРИМЕСЕЧНО БЕБЕ ВО АЛАБАМАХибридот куче-волк е производ на парење на домашно куче и волк (Фото: Гети)

    Тримесечно бебе е убиено во американската сојузна држава Алабама откако било нападнато од домашниот миленик на неговото семејство кој бил хибрид на куче и волк. Детето починало од раните кои му биле нанесени од кучето, кое веднаш било евтаназирано од ветеринар.

    Можеме да потврдиме дека едно од нашите деца во Челзи беше убиено од егзотичен семеен миленик“, изјави градоначалникот Тони Пиклсимер, додавајќи дека во моментот на несреќата имало и други деца дома.

    Полицијата го опиша животното како хибриден волк кој семејството на бебето го чувало како миленик.

    Според Меѓународниот центар за волци во Минесота, хибридот куче-волк е производ на парење на домашно куче и волк.

    Овие два вида можат да се вкрстуваат и да дадат одржливо потомство. Со други зборови, волците можат да се размножуваат со кучиња, а нивните потомци можат сами да родат потомци. Малкумина луѓе се успешни во чувањето на хибриден волк како домашен миленик. Колку е поголем процентот на волк во животното, толку е помала веројатноста да се чува како милениче.“, стои на сајтот на центарот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира