ХИРУРГ ОТСТРАНИ „ЖИВА ГРАНАТА“ ОД ТЕЛОТО НА УКРАИНСКИ ВОЈНИК

    ХИРУРГ ОТСТРАНИ „ЖИВА ГРАНАТА“ ОД ТЕЛОТО НА УКРАИНСКИ ВОЈНИКХирургот Андриј Верба го држи она што војската го опиша како „ВОГ граната“ (Фото: Твитер)

    Украински хирург отстранил „жива граната“ од градите на војник, објави украинската војска. Операцијата ја извел еден од најискусните украински воени хирурзи Андриј Верба откако војската предупредила дека експлозивот може да се детонира во секој момент.

    Зафатот беше успешен и повредениот војник сега се рехабилитира“, објави војската на Украина.

    Таа објави рендгенска снимка која ја покажува гранатата во градите на војникот. Верба потоа беше снимен како го држи она што војската го опиша како ВОГ граната.

    Од војската не кажаа кога била изведена операцијата и како гранатата влегла во телото на војникот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира