ХОЛАНДИЈА ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ ТЕЛЕФОНИТЕ И ДРУГИТЕ МОБИЛНИ УРЕДИ ВО УЧИЛНИЦА

    ХОЛАНДИЈА ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ ТЕЛЕФОНИТЕ И ДРУГИТЕ МОБИЛНИ УРЕДИ ВО УЧИЛНИЦАЗабраната не е законски принудувачка, но би можела да стане во иднина (Фото: Пекселс)

    Мобилни телефони, таблети и смарт часовници ќе бидат забранети во училниците во Холандија од 1 јануари 2024 за да не го попречуваат наставниот процес, објави владата. Овие уреди ќе бидат дозволени само кога ќе бидат неопходни, како при учење за дигиталните вештини или за лицата со попречености.

    „Иако мобилните телефони се испреплетени со нашите животи, тие не припаѓаат во училница. Учениците треба да бидат сконцентрирани и да имаат услови да учат добро. Мобилните телефони се вознемирување, покажаа научни истражувања. Мора да ги заштитиме учениците од тоа“, објави министерството за образование.

    Забраната не е законски принудувачка, но би можела да стане во иднина. Владата кажа дека секое училиште ќе ги утврди точните правила со наставниците, учениците и родителите, вклучувајќи дали сакаат целосна забрана на мобилните уреди. Правилото ќе биде ревидирано на крајот на учебната година 2024/25, за да се види како функционира и дали е потребно да се озакони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира