ХОЛАНДИЈА ПРЕД ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ ОТКАКО ДЕСНИЧАРОТ ВИЛДЕРС ИЗЛЕЗЕ ОД ВЛАДАТА

    ХОЛАНДИЈА ПРЕД ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ ОТКАКО ДЕСНИЧАРОТ ВИЛДЕРС ИЗЛЕЗЕ ОД ВЛАДАТАВилдерс ја напушта коалицијата откако не биле прифатени неговите идеи за запирање на азилантската имиграција (Фото: АП)

    Лидерот на крајната десница Герт Вилдерс објави дека неговата партија ПВВ ќе излезе од владејачката коалиција, што ќе доведе до распад на холандската влада и нови избори.

    Вилдерс кажа дека се решил на ваков чекор зашто неговите коалициони партнери не биле расположени да ги прифатат неговите идеи за запирање на азилантската имиграција, за што побарал моментална поддршка минатата недела.

    „Нема потпис под нашите планови за азил. ПВВ ја напушта коалицијата“, напиша Вилдерс на Икс.

    Неговиот потег става крај на кревката коалиција, која не успеа да постигне консензус по ниедно прашање откако беше формирана во јули минатата година. Ова веројатно ќе доведе до нови избори за неколку месеци, а Холандија ќе има привремена влада во пресрет на самитот на НАТО во Хаг, на кој ќе се расправа за зголемување на трошоците за одбраната.

    Антиисламскиот популист Вилдерс победи на последните парламентарни избори во Холандија во ноември 2023, но новите анкети покажуваат дека ја губи поддршката на јавноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира