ХОЛАНДСКАТА ПРИНЦЕЗА АМАЛИЈА ЖИВЕЕЛА ВО ШПАНИЈА ПОРАДИ СЕРИОЗНИ ЗАКАНИ

    ХОЛАНДСКАТА ПРИНЦЕЗА АМАЛИЈА ЖИВЕЕЛА ВО ШПАНИЈА ПОРАДИ СЕРИОЗНИ ЗАКАНИАмалија се пожали дека ѝ недостига нормалниот живот на студент (Фото: Гети)

    Холандската принцеза Амалија живеела во Шпанија најмалку една година поради сериозни закани упатени кон неа, објавија холандските медиуми. Младата престолонаследничка од безбедносни причини студирала во Мадрид, каде што уживала многу поголема слобода.

    Првите закани се појавиле во есен 2022, по што таа се вратила дома од студентското сместување во Амстердам. Амалија во меѓувреме ги продолжила студиите во Холандија.

    Холандските медиуми доста го следеа почетокот на нејзиниот универзитетски живот во Амстердам и како таа се пресели во куќа што ја делела со други студенти. Откако во октомври 2022 се појавиле закани со киднапирање од холандското криминално подземје, властите ги засилија безбедносните мерки за Амалија и премиерот Марк Руте.

    Кралицата Максима во тоа време се пожали дека Амалија не може да ужива во вообичаениот студентски живот.

    Ми недостига нормалниот живот на студент. Кога почнував да студирам мислев дека ќе правам сѐ што прават моите колеги. За жал, реалноста беше поинаква“, кажа 20-годишната Амалија во февруари 2023.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира